Особено се истакнува бруталноста на нивните меѓусебни конфликти, кои почнаа во 2014 година, а се интензивираа во 2016 по убиството на Александар Станковиќ (Сале Мутави), како што се наведува.
Во текстот особено се истакнува улогата на браќата на српскиот и црногорскиот претседател Александар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ, Андреј Вучиќ во Белград и Ацо Ѓукановиќ во Подгорица.
Цитиран е и европски дипломат кој вели дека „во име на геополитиката се затворале очите пред инкриминирачките активности на Србија и Црна Гора“. Се наведува дека српските и црногорските власти го фаворизирале „кавачкиот клан“, чии членови „одржувале блиски врски со хулигани поврзани со Вучиќ“.
Се наведува и дека групата Јаничари, подоцна преименувана во Принципи, константно јакнела од доаѓањето на Вучиќ на власт, како и дека биле ангажирани за време на инаугурацијата на српскиот претседател, и дека неговиот син Данило редовно бил гледан во друштво на овие хулигани.
Во текстот објавен на неколку страници се објаснува дека врската на државата и оваа хулиганска група ја одржувала Дијана Хркаловиќ, која, како што пишува францускиот весник, Вучиќ ја стави на местото државен секретар на министерството за внатрешни работи на Србија.






