среда, 29 април 2026

Лавров: Москва очекува САД да не го наметнуваат својот развоен модел

Објавено на

часот

Сподели

Тој вчера кажа дека Русија го поддржува заемното признавање на вакцините против ковид-19 кои се одобруваат на државно ниво, пренесува ТАСС.

Што се однесува до контролата на вооружувањето, Лавров кажа дека решение кое би било прифатливо и за Русија и за САД би можело да биде постигнато ако постои добра волја за тоа.

„Големи очекувања се поврзани и со шансите за руско-американскиот дијалог за иднината на контролата на вооружувањето, за чиј почеток е преговарано на руско-американскиот самит во Женева. Имајќи добра волја, сосема е реално да се постигнат заемно прифатливи решенија“, смета рускиот министер.

Според Лавров, претстојниот Самит на демократиите, кој го иницираше Вашингтон, ќе го означи следниот чекор кон поделба на меѓународната заедница на „нас“ и „нив“.

„Иницијативата на Соединетите Американски Држави да се одржи Самит на демократиите е најновиот пример за тоа. Вашингтон сигурно ќе биде тој што ќе ги избере учесниците на настанот, земајќи си го правото да одлучува кои земји ги исполнуваат демократските стандарди. Всушност, иницијативата е во согласност со менталитетот на Студената војна, бидејќи значи прогласување на нова крстоносна војна против сите оние кои не ги делат тие идеи“, истакна шефот на руската дипломатија.

Тој кажа дека Русија бара од Советот за безбедност на Обединетите нации да се прилагоди на реалноста на полицентричниот светски поредок, проширувајќи го со азиски и јужноамерикански земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ