четврток, 30 април 2026

Лавров: „Без решавање на причините, нема мир во Украина“

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави денес дека долгорочно решение во Украина е невозможно без решавање на темелните причини за украинската криза.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Главната работа е дека без решавање на основните причини за украинската криза, праведно и долгорочно решение е невозможно“, рече тој на прес-конференција по разговорите со казахстанскиот министер за надворешни работи Јермек Кошербаев, објави РИА Новости.

Лавров наведе дека Русија е заинтересирана за продолжување на преговорите за решавање на конфликтот во Украина врз основа на договорите постигнати со Соединетите Американски Држави.

„Остануваме заинтересирани за продолжување на преговарачкиот процес врз основа на постојните руско-американски договори. Вчера, во телефонски разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, претседателот Владимир Путин ја потврди оваа наша позиција“, рече тој.

Лавров рече дека неиспровоцираната воена операција на САД и Израел против Иран има сериозно негативно влијание врз Каспиското Море.

Рускиот министер за надворешни работи повика на континуирано внимание на ситуацијата во Либан и застојот околу формирањето палестинска држава.

„Веруваме дека е важно да не се изгуби од вид она што се случува во Либан, а особено ќор-сокакот што се појави и од кој нема видлив излез во врска со создавањето палестинска држава“, нагласи Лавров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ