Курти на Твитер оцени дека таквата одлука „претставува кршење на меѓународните спортски норми“.
„Србија треба да ја покаже силата во боксерскиот ринг, а не на границата“, смета Курти.
Тој ги повика ЕУ и меѓународната заедница да ја осудат „дискриминаторската постапка на Србија“.
На косовските боксери, кои требаше да учествуваат на светскиот шампионат, не им беше дозволен влез во централна Србија во дресови со обележја на државата која не ја признава.






