„Ситуацијата која фактички постоеше сега е официјално легализирана. Нема да патиме поради тоа“, им кажа на новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Русија соопшти вчера дека ќе ги суспендира активностите на својата мисија во НАТО и дека ќе прекине со работа канцеларијата на воената мисија на Алијансата во Москва, а на персоналот ќе им бидат одземени акредитациите од 1 ноември.






