Путин претходно изрази надеж дека Минск нема да ги прекине испораките на руски гас до земјите од Европската Унија, напоменувајќи дека не само би му наштетило на европскиот енергетски сектор, туку би придонело да се прекине ширењето на соработката со Белорусија како транзитна земја, пренесува ТАСС.
На експлицитното новинарско прашање дали зборовите на Путин значат дека Русија би можело да ги намали испораките на гас преку Белорусија по пуштањето на Северен тек 2 во работа, Песков кратко одговори: „Не“.






