четврток, 7 мај 2026

Косово уапси десет луѓе поради незаконско градење вили во скијачки центар

Објавено на

часот

Сподели

Поранешен градоначалник, општински директори и раководители на приватни компании беа уапсени во вторникот наутро во рација на косовската полиција и обвинителство поради наводна нелегална градба во туристичко одморалиште на источно Косово.

Полицијата упаднала во куќата на Братислав Николиќ, поранешен градоначалник на општина Штерпце со мнозинско српско население, и го уапсила. Подоцна полицијата му ги запленила двата автомобили, еден од нив со косовски, а другиот со српски таблички.

Шефот на Основното обвинителство во Феризај/Урошевац, Шукри Јашари, за БИРН изјави дека „ова е една од најголемите операции против корупцијата“.

Обвинителството соопшти дека уапсените се осомничени за поткуп и злоупотреба на службената положба за изградба на вили на планината Брезовица, дестинација за зимски туризам на југоисточно Косово.

Се истражува и фирма во сопственост на лице од централната општина Грачаница.

Во повоениот период во Брезовица беа изградени многу вили, од кои некои наводно им припаѓаат на политички личности и други јавни функционери, а некои се со нејасна сопственост.

БИРН дознал дека вили што им припаѓаат на политичари би можеле да бидат цел на истрагите на обвинителството во овој случај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ