Бо Бајден е син на американскиот претседател Џо Бајден. Почина во 2015 година, а по завршувањето на војната во 1999 година работел на проектот на ОБСЕ за обука на косовските судии и обвинители.
На свечената церемонија која вчера ја организираше претседателката на Косово Вјоса Османи, наградата ја прими амбасадорот на САД во Приштина Филип Коснет.
„Ова е неверојатно“, кажа претседателот на САД Џо Бајден во петминутна видео порака, снимена однапред и емитувана за време на церемонијата, и додаде дека е голем чест тоа што е наследството на Бо е препознаено.
„Тоа многу ни значи, на целото семејство“, кажа американскиот претседател Бајден, спомнувајќи го патувањето на неговото семејство на Косово пред пет години, кога улица во близина на американската воена база Бондстил го доби името Бо Бајден.
Бајден кажа дека Бо „се вљубил во Косово“ и длабоко верувал во неговата независност и демократија.
„Затоа беше толку посветен на работата со народот на Косово, за да се погрижи воените злосторства да бидат темелно истражени и професионално процесуирани, за да му помогне на Косово да изгради правичен правосуден систем способен да донесе правда и помирување во земјата“, кажа Бајден во порака.
„Со прифаќањето на оваа награда, во име на мојот син, сакам да го признаам и поздравам неверојатниот напредок кој Косово го постигна во последните 20 години“, кажа тој и додаде дека има уште работа.
„Повеќе работа на борбата против корупцијата, заштитата на правата на етничките и верските малцинства, изградбата на позитивни односи со соседните народи и јакнење на економскиот развој. Се залагам за вас, САД ќе останат постојан партнер на Косово“, додаде Бајден.
Претседателката на Косово Вјоса Османи порача дека она што Бо Бајден го почнал, заедно со американските колеги, денес е клучниот столб на најважните косовски институции.
„Она што Соединетите Држави и американскиот народ го направија за нашата земја, за нашата слобода, за нашето право на постоење, го надминува секое партнерство кое во моментов е присутно низ светот. Во добри денови, во лоши, во светлост и во мрак, ја чувствуваме твојата рака на своето рамо“, кажа Османи.
Таа кажа и дека Косово е земја со потенцијал, и дека ќе направи сè за да стане „земјата каква што нашиот народ ја заслужува“.
„Претседателе, ќе ве направиме горд“, му порача на крајот Османи на Бајден.






