Во текот на првата година од пандемијата, Шведска беше исклучок во светот според стратегијата, бидејќи не воведе блокади ниту пропишуваше масовно носење маски и само постепено ги заоструваше ограничувањата.
Масовното тестирање за вирусот и следењето на контактите започна дури по првиот бран, во кој починаа повеќе од 2.000 луѓе, а особено беа погодени домовите за стари лица.
Комисијата соопшти дека прелиминарната истрага покажала дека мерките биле премногу доцна воведени во однос на нордиските соседи и на ширењето на вирусот во Шведска во пролетта 2020 година.
„Првичните мерки за превенција и контрола не беа доволни за да се запре или суштински да се ограничи ширењето на вирусот во земјата“, соопшти комисијата.






