Според Ројтерс, тоа значи дека 75,8 отсто од 1,41 милијарда кинеско население се целосно вакцинирани.
Вкупно 2,26 милијарди дози вакцини биле спроведени во Кина до 29 октомври, покажуваат официјалните податоци, пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ).
Градските власти на Пекинг наредија затворање на некои кина, бидејќи Кина се соочува со повторен пораст на заразата со коронавирусот, на помалку од 100 дена пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Властите во Пекинг препорачаа одложување на прославите, како што се свадбите, и избегнување на непотребно напуштање на главниот град.






