вторник, 18 ноември 2025

Ким Џонг Ун: Военото братство со Русија ќе продолжи да напредува

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека воениот сојуз меѓу неговата земја и Русија ќе „напредува без запирање“, објави државниот медиум КЦНА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ким го изјави ова за време на говорот на церемонијата на поставување камен-темелник на споменикот за севернокорејските војници кои се бореа заедно со Русија во Курската област, објави КЦНА.

„Годините на воено братство, во кои долгорочниот развој на билатералното пријателство е загарантирано по цена на скапоцена крв, ќе напредуваат континуирано. Предизвиците на „доминацијата и тиранијата“ не можат да ги попречат врските меѓу двете земји“, рече Ким.

Севернокорејскиот лидер присуствуваше на настанот, што е најновото јавно оддавање почит на војниците на земјата кои се бореа во Русија за да го одбијат упадот на украинските сили, според Ројтерс.

Ким и рускиот претседател Владимир Путин потпишаа договор за заемна одбрана, а Северна Кореја испрати војници, артилериска муниција и ракети во Русија за да ја поддржи инвазијата на Москва во Украина. Киев и Сеул проценуваат дека Северна Кореја распоредила повеќе од 10.000 војници во војната во замена за економска и воено-технолошка помош од Русија.

Јужнокорејската разузнавачка агенција во септември процени дека околу 2.000 севернокорејски војници биле убиени во борбите.

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја посети Јужна Кореја, лутиот ривал на Северна Кореја, следната недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ