среда, 22 април 2026

Ким Џонг Ун: Пријателството меѓу Северна Кореја и Кина ќе трае вечно

Објавено на

часот

Сподели

Вчерашната посета на Ким на Кулата на пријателството во чест на кинеските војници убиени за време на Корејската војна во 1950-53 година е трета откако тој ја презеде власта на крајот на 2011 година, и се случи ден по одбележувањето на 68-годишнината од крајот на овој конфликт.

„Благородноста и подвизите на кинескиот народ што ја помогнаа светата историска борба на нашиот народ по цена на својот живот, кога Северна Кореја минуваше низ најтешките искушенија, ќе останат бесмртни“, рече Ким за време на посетата на спомен-обележјето, пренесе официјалната корејска агенција КЦНА.

Тој исто така истакна дека пријателството преку цврстата врска меѓу двете земји ќе се пренесува од колено на колено во заемна корист.

Ким вети дека ќе ги подобри односите на својата земја со Кина и нивната економска соработка, во време кога се прават напори Северна Кореја да се извлече од најтешката криза, предизвикана од пандемијата, американските санкции и минатогодишните природни катастрофи.

Претходно неделава Ким се согласи да ги обнови каналите за прекугранична комуникација со Јужна Кореја по пауза од 13 месеци и да ги подобри билатералните врски.

Некои експерти велат дека Ким сака да воспостави подобри врски со надворешниот свет и покрај економските тешкотии, додека други велат дека Северна Кореја можеби само сака Сеул да ги убеди САД да прават отстапки кога ќе продолжат одамна запрените нуклеарни преговори меѓу Пјонгјанг и Вашингтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ