Со тоа во училиштата дополнително се намалува употребата на и понатаму доминантниот каталонски јазик, пишува Асошиејтед прес.
Демонстрантите наведуваат дека таа одлука се заканува да го загрози образовниот систем со помош на кој каталонскиот се одржува во употреба во тој регион. Каталонскиот беше потиснат во 20 век за време на диктатурата на Франциско Франко.
„Не е демократски судот да го поткопува образовниот систем кој го поддржуваат општеството и парламентот“, наведе претседателот на Платформата за јазици Оскар Ескудер.
[video:https://youtu.be/xycaiXVBDfY autoplay:0]Платформата за јазици, група која се залага за употребата на каталонскиот, наведува дека според анкетите 82 отсто од населението го поддржува актуелниот систем на работа во училиштата.
Борбата за зачувување на јазикот повторно ќе ги разбуди сепаратистичките чувства, а учесниците на протестот го носеа знамето на Каталонија кое ја симболизира желбата на дел од тамошното население да се одвојат од кралството Шпанија и да станат независна република.
Меѓутоа, има и родители кои сакаат нивните деца да учат и шпански јазик кој е во употреба во остатокот од земјата.






