петок, 7 ноември 2025

Камала Харис размислува повторно да се кандидира за претседател

Поранешната потпретседателка на САД Камала Харис која загуби на претседателските избори од Доналд Трамп, изјави за Би-би-си дека би можела повторно да се кандидира за Белата куќа во 2028 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за Би-би-си, Камала Харис рече дека е можно еден ден да биде претседател и дека е уверена дека во иднина ќе има жена во Белата куќа.

Таа ги отфрли анкетите според кои таа е аутсајдер кога станува збор за избор на демократите за следен претседателски кандидат.

Таа го нарече својот противник на последните избори, а сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп, „тиранин“ и истакна дека предупредувањата што ги изговори за време на кампањата се остварија.

Зборувајќи за можноста жена да стане претседател на САД, Харис рече дека нејзините правнуци „сигурно“ би можеле да видат жена претседател „во својот живот“. На прашањето дали тоа би била таа, таа рече „можно“, потврдувајќи дека размислува за уште една кандидатура за највисоката функција.

Таа додаде дека сè уште не донела одлука, но нагласи дека сè уште се гледа себеси како некој со иднина во политиката.

„Не сум завршила“, рече поранешната потпретседателка. „Целата моја кариера ја поминав во служба и тоа ми е во сржта“, забележа таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ