среда, 6 мај 2026

Како селаните од зафрлените албански села ја запреа изградбата на мали хидроцентрали

Објавено на

часот

Сподели

За помалку од шест месеци албанските судови стиснаа кочница за три хидроенергетски проекти во земјата. Секое суспендирање доаѓа по притисокот од граѓаните, кои истакнаа дека овие проекти ќе ја уништат нивната култура, живот и локална средина.

„Исклучувањето на хидроцентралите е од клучно значење за животната средина и за зачувување на природниот тек на реката и спречување на потенцијално катастрофални влијанија врз живеалиштата, флората и фауната“, рече Кетрин Боне, директорка на ТОКА, група од активисти што покрена неколку судски постапки против хидроцентрали во Валбона на северот на Албанија.

„Битката е далеку од завршена“, сепак, борбата со сите потребни правни средства ќе продолжи, пишува Еурактив.

Зависноста на Албанија од хидроенергијата

Потпирањето на Албанија на хидроенергијата почна за време на нејзиното 50-годишно комунистичко владеење, како дел од настојувањето на диктаторот Енвер Хоџа за енергетска самодоволност. Денес речиси целата енергија во земјава се произведува од хидроенергија. Бидејќи струјата не може да се складира, вишокот производство се продава, што значи дека во зимските месеци мора да се купува енергија од фосилни горива.

Покрај тоа, климатските промени во регионот доведоа до предупредувања дека хидроенергијата не е одржлива на долг рок. Помалку снег, помалку дожд и подолги потопли лета значат помалку вода во албанските реки. Минатата година, во извештајот на Меѓународната агенција за обновлива енергија за Албанија беше наведено дека хидроенергијата нема да биде доволна за да се обезбеди енергетска безбедност во земјата.

И покрај ова, владата продолжува со хидроенергетски проекти, од кои голем број и во националните паркови и заштитените подрачја. Во моментов има околу 170 брани и над 300 постројки во различни фази на завршување.

Состојбата во Валбона

Еден од примерите е реката Валбона во Тропија, еден од најсиромашните региони во Европа на крајниот север на Албанија. Многу жители се иселиле, а оние што останале зависат од земјоделството и ветувањето за туризам.

Локалната компанија „Генр 2“ доби државни концесии за изградба на хидроцентрали по должината на реката, во процес што наводно е заглавен во корупција. Локалните жители пред судот сведочеа дека имињата на нивни починати роднини биле користени на документите што наводно покажуваат поддршка за проектот. Други открија дека нивните имиња биле користени без нивна дозвола.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=ZskYVpn4ZzQ autoplay:0]

ТОКА покрена низа тужби против инволвираните компании, наведувајќи го недостигот од соодветни процени на влијанието врз животната средина, заканите кон противниците и фактот дека такви изградби не треба да има во национален парк.

Во јули, албанскиот Виш суд пресуди дека две фабрики во регионот мора да бидат затворени.

Но Боне предупреди дека битката сè уште не е завршена, бидејќи погоните може да се активираат со еден клик на прекинувач од далечина и во тој случај таа е подготвена да поднесе кривична пријава против инволвираните компании.

Националниот парк Зал Гјоцај

Апелациониот суд во Тирана го потврди одземањето на дозволата за изградба на хидроцентрала во заштитеното подрачје Зал Гјоцај на северот од земјата. Жителите протестираат веќе неколку години, тврдејќи дека тука се загрозени нивните животи, домови и земјоделски активности, и инсистираат тоа подрачје, како и делови од Националниот парк Лура Мали е Дејес, да останат недопрени.

Жителите, исто така, поднесоа жалби против фирми и владини функционери до специјалниот антикорупциски суд, за злоупотреба на службената положба, фалсификување документи и градење во заштитеното подрачје.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=orHsl3e6oaQ autoplay:0]

Националниот парк Вјоса

Една од најпознатите кампањи против хидроцентралите беше онаа во Националниот парк Вјоса во централна Албанија. Предвидено е во него да се изградат неколку хидроцентрали, што предизвика гнев кај еколошките активисти.

Акцијата доби и меѓународен карактер. За неа пишуваа весниците од Сиднеј до Париз, а ангажиран е и холивудскиот актер Леонардо ди Каприо, кој во неколку наврати јавно повика на укинување на хидроцентралите во таа област.

Активистите бараат целата река Вјоса, долга 272 километри, да се прогласи за национален парк. Тоа би спречило во иднина таму да се градат хидроцентрали, а би донело и туристички можности во оваа област.

Владата прогласи делови од реката за заштитено подрачје. Вјоса сега е безбедна бидејќи мештаните добија судски спор за стопирање на изградбата на браната Каливац, која би работела на реката Вјоса.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=FFkNISV9NUk autoplay:0]

Олси Ника, биолог од Еко Албанија, рече дека одлуката на судот претставува уште една порака до албанската влада дека мора еднаш засекогаш да ја прекине изградбата на хидроелектрични централи и што е можно поскоро да ја прогласи долината на Вјоса за национален парк.

Големата слика

Отпорот кон хидроенергијата расте и во други земји во регионот. Во Босна и Херцеговина група локални жители спречија изградба на фабрика на реката Крушчица. Селцето Ракита во Србија стана центар на отпорот кон малите хидроцентрали. Мештаните и активистите влегуваат во судири со обезбедувачите на градилиштето. Велат, ова е борба за сите српски реки.

Во Европа, глобална група за заштита на природата води кампања за запирање на јавните субвенции за хидроенергетски проекти, наведувајќи дека браните го намалуваат слатководниот биодиверзитет за 80 проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ