петок, 24 април 2026

Јули е најтоплиот месец во историјата на мерењата

Објавено на

часот

Сподели

„Јули е обично најтоплиот месец во годината во светот, но јули 2021 беше најтоплиот месец јули некогаш измерен“, соопшти Рик Спинрад, шеф на НОАА.

Тој истакна дека овој рекорд „го истакнува вознемирувачкиот пат кој го поставија климатските промени“.

Комбинираната температура на копното и океаните во целиот свет била 0,9 Целзиусови степени над просекот, односно овој јули бил најтоплиот месец откако почнале мерењата пред 142 години.

НОАА во соопштението објави колаж фотографии кои ги илустрираат последиците на климатските промени, вклучувајќи ги поплавите, топлотните бранови, сушата, ураганите и пожарите.

Климатските промени го менуваат светот на начин кој не е виден илјадници, или стотици илјади години, се наведува во извештајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ