четврток, 23 април 2026

Јапонскиот премиер прескокна делови од говорот во Хирошима, се извини

Објавено на

часот

Сподели

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга се извини бидејќи прескокна делови од говорот во Хирошима по повод годишнината од фрлањето на атомската бомба врз тој град пред 76 години.

Медиумите пренесуваат дека премиерот прескокнал повеќе од една страница и дека грешката е забележана откако јавната телевизија НХК престанала да го прикажува преводот за време на неговиот говор.

Неговата грешка привлече внимание поради важноста да се одбележи таа годишнина, настан што се одржува секоја година во спомен на загинатите при атомската експлозија. Суга веќе е под салва критики бидејќи инсистираше на одржување на Олимписките игри среде порастот на заразите.

„Сакам да ја искористам оваа прилика да се извинам што прескокнав некои делови од мојот говор на церемонијата за обележување на нападот на Хирошима“, им рече Суга на новинарите.

Тој, меѓу другото, го прескокна и делот од говорот во кој потсетува дека Јапонија е единствената земја што претрпела нуклеарно бомбардирање и дека нејзината мисија е свет без нуклеарно оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ