четврток, 23 април 2026

Јапонија ќе ги хоспитализира само најтешко болните пациенти

Објавено на

часот

Сподели

Земјата бележи нагло зголемување на бројот на случаи на зараза, при што дневните бројки се искачени на повеќе од 10.000. Токио во саботата имаше рекордни 4.058 случаи на зараза, со што за прв пат ја надмина бројката од 4.000.

„Ќе обезбедиме кревети за тешко болните пациенти и за оние кои се во опасност да станат такви“, рече премиерот Јошихиде Суга синоќа по состанокот на владината работна група. Тој додаде дека од другите пациенти ќе биде побарано да останат дома, а владата ќе обезбеди тие да бидат хоспитализирани доколку нивната состојба се влоши. Претходната политика била насочена кон хоспитализација на поширока категорија високоризични пациенти.

Јапонија ја прошири вонредната состојба на три префектури во близина на Токио и западната префектура Осака. Овие мерки и вонредната состојба поттикната од влошената ситуација во Токио, четврта од почетокот на пандемијата, ќе трае до 31 август.

Вкупно 932.000 случаи на инфекција и нешто повеќе од 15.000 смртни случаи се пријавени досега во Јапонија. Земјата сега се бори да ја спречи високо преносливата делта варијанта.

Јапонија заостанува во вакцинацијата во споредба со другите развиени земји, особено кај помладите жители. Нешто помалку од 30 проценти од населението примило две дози од вакцината. Последните податоци од Токио покажаа дека речиси 70 проценти од болничките кревети за тешко заразените пациенти се пополнети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ