петок, 24 април 2026

Јанша за Авганистан: Ова е најголемиот пораз на НАТО од неговото основање

Објавено на

часот

Сподели

„Хаосот во Авганистан и предавањето на модерното оружје, наменето за 300.000 луѓе, на талибанците е најголемиот пораз на НАТО до сега, а и ние сме одговорни за тоа. А препуштањето на авганистанските сојузници на талибанскиот терор е срамен чин. Сето тоа заедно претставува симбол на крајот на една ера“, напиша словенечкиот премиер на својот твитер-профил.

Министерот за одбрана Матеј Тонин рече дека светската јавност е изненадена од тоа колку брзо „практично сите авганистански институции“ се распаднаа пред инвазијата на талибанците и дека не сака да се вклучи во анализа на одговорностите на разузнавачките служби, кои сосема погрешно ја проценија ситуацијата во Авганистан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ