Според палестинските медиуми, момчето Мухамед ал Алами било погодено во градите додека седело во автомобил со татко си и сестра си на влезот во градот.
Израелските војници викале кон возачот да застане, а потоа бил отворен оган, пренесува Асошиејтед прес.
Момчето во критична состојба било пренесено во болница, каде што им подлегнало на повредите.
Израелските војници синоќа убија 41-годишен Палестинец во окупираниот Западен брег во близина на едно село, честа сцена на судири меѓу палестинските демонстранти и израелските сили во последните недели, пренесува АФП.
Во саботата почина палестински тинејџер ранет претходниот ден во судирите со израелските војници.
Израел го освои Западниот Брег во Шестдневната војна во 1967 година и сега таму живеат 470.000 еврејски доселеници.
Палестинците планираат да основаат своја независна држава на таа територија, која ќе го вклучи појасот Газа, а главен град да биде Источен Ерусалим.






