Бенет ја опиша целодневната вежба „Омега“, именувана по фиктивна варијанта на вирусот, како мерка што ќе осигури дека Израел е подготвен за „секакво сценарио“.
„Израел е безбеден и заштитен. За да го одржиме тоа и да го зачуваме континуитетот на нормалниот живот, мора да продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата и да се подготвуваме за секое сценарио“, рече тој.
Вежбата вклучува масовно тестирање цивилни и воени лидери, хоспитализации и полициски час, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот, пренесува Ројтерс.
Се додава дека искуствата од вежбата ќе бидат споделени со странските партнери.
Бункерот користен за време на вежбата е изграден пред повеќе од една деценија поради загриженоста за иранската нуклеарна програма и размената на ракети со Либан и појасот Газа.
Претходно, комплексот Национален центар за управување на Јудејските Планини беше искористен за координирање на почетните активности на пандемијата во март 2020 година.
Израел воведе карантин за спречување на три брана на коронавирусот, но ги држи економијата и училиштата отворени од четвртиот бран во јуни, потпирајќи се на мерки, вклучително и вакцинација, засилувачки дози и носење маски.






