четврток, 23 април 2026

Израел ќе им понуди трета доза вакцина на граѓаните над 60 години

Објавено на

часот

Сподели

Оние кои добиле втора доза најмалку пред пет месеци, од недела ќе имаат право на нова доза од вакцината Фајзер/Бајонтек.

Претседателот Исак Херцог, кој во септември го слави својот 61-ви роденден, ќе биде првиот што ќе добие трета доза.

„Истражувањата покажуваат дека одбраната на телото опаѓа со текот на времето. Целта на дополнителна доза е да се зајакне имунитетот и значително да се намалат шансите за инфекција и тешка болест“, рече Бенет.

Премиерот додаде дека 2.000 лица со ослабен имунолошки систем веќе ја примиле третата доза без сериозни несакани ефекти.

Експертите велат дека сè уште не е јасно дали третата доза ќе го намали бројот на зарази со коронавирус.

Минатиот месец, израелските власти повторно воведоа задолжително носење маски во затворени простории поради зголемувањето на случаите на зараза.

Израел беше една од најуспешните земји во светот во борбата против пандемијата.

Спроведе најбрза програма за вакцинација, според која повеќе од половина од 9,3 милиони жители биле делумно или целосно вакцинирани.

Израел пријавил скоро 870.000 инфекции од почетокот на епидемијата, со скоро 6.500 смртни случаи, соопшти американксиот универзитет Џон Хопкинс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ