Во извештајот, кој денеска беше објавен, согласно законот, од самата Влада, се наведува дека државата не го препознала ризикот по животот на новинарката и не презела мерки да го спречи убиството.
Новинарката која истражувала организиран криминал и корупција во таа островска држава, беше убиена на 16 октомври 2017 година, со минирање на нејзиниот автомобил.
Семејството на новинарката, критичарка на малтешката влада, побара независна јавна истрага, пишува Би-би-си врз основа на извештајот на малтешките медиуми.
Во последните две години, во рамки на истрагата се испитани десетици сведоци, вклучително и истражители, политичари и новинари.
Во извештајот на 437 страници се наведува дека државните органи „создале атмосфера на неказнивост, генерирано од ‘врвот’“ и дека е забележана „неоправдана блискост“ помеѓу големите компании и владата.
Винсент Мускат во февруари е осуден на 15 години затвор, како резултат на спогодба откако призна соучесништво во убиството што ја шокираше Европа. Покрај Мускат, уште две лица се обвинети за учество во убиството.






