вторник, 5 мај 2026

Илјадници Полјаци протестираат поради смртта на трудница: „Законот против абортус убива“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Пресудата на полскиот уставен суд дека абортусот врз основа на деформација на плодот не е во согласност со уставот стапи на сила во јануари, по што дојде до речиси целосна забрана на абортусот и големи протести.

Луѓето кои носеа свеќи и транспаренти на кои пишуваше „Ниедна повеќе“ и „Индиферентноста е соучесништво“ маршираа низ десетина градови синоќа, вклучувајќи го Пшчин на југот на Полска, каде живеела починатата жена.

Активистите тврдат дека смртта на 30-годишната Изабела во 22 недела од бременоста е токму резултат на таа пресуда. Семејството вели дека трудницата умрела од септичен шок.

Изабела во септември отишла во болница во Пшчин откако ѝ пукнал воденикот, раскажа семејството. И претходен ултразвук покажувал повеќе деформации на фетусот. Меѓутоа, лекарите одбиле да ја прекинат бременоста сè додека чукало срцето на фетусот.

Кога се покажало дека отчукувањата на неговото срце прекинале, лекарите решиле на Изабела да ѝ направат царски рез. Адвокатката на семејството, Јоланта Буџовска, кажа дека срцето на Изабела сопрело на пат кон операциската сала и дека умрела без оглед на обидите за реанимација.

„И нејзиното срце чукаше“, гласи еден од слоганите на протестите.

„Законот против абортус во Полска ги убива Полјачките. Тоа е сурово, тоа е страшно“, кажа една жена на протестот во Пшчин. „Тоа е нехумано и се надевам дека оваа ситуација на некој начин ќе придонесе за тоа Полјачките да не мора повеќе да умираат“.

Владата соопшти дека не е одлуката на судот виновна за смртта на младата жена“, туку лекарска грешка.

Министерот за здравство Адам Њеџелски вети дека ќе издаде насоки како на најјасен начин да се утврди дали абортусот е легален.

[video:https://youtu.be/tvEISLU3edU autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ