Илегалните мигранти, претежно Хаитијци, но и Венецуеланци и Кубанци, како и државјани на бројни африкански земји, се „заглавени“ во Некокли, колумбиската покраина Антиокија, рече директорот на Агенцијата за миграција, Хуан Франциско Еспиноза, на виртуелна прес-конференција.
„Ова е историски феномен што се повторува. Имено, Колумбија не е ниту причина ниту дестинација на овие мигранти“, рече Еспиноза.
Мигрантите се надеваат дека ќе можат да поминат низ Некокли и да го продолжат своето патување за Панама, а потоа кон Северна Америка. Нивната цел е претежно САД или Канада, рече Еспиноза.
Тој додаде дека, иако вообичаено годишно низ регионот минуваат околу 30.000 лица, минатата година поради рестриктивните мерки воведени за контрола на ширењето на коронавирусот минале само 4.000 лица.
Но, со отворањето на границите во 2021 година, протокот на мигранти во регионот досега бил многу поголем во споредба со истиот период минатата година, рече Еспиноса.






