среда, 6 мај 2026

Илјадници демонстранти излегоа на улиците во Виена против новите мерки (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите протестираат против воведувањето на карантин, што почнува од понеделник низ целата земја, како и најавата за воведување задолжителна вакцинација, која треба да стапи на сила во февруари, нарекувајќи ги мерките за присилни.

Демонстрантите постојано извикуваа „Слобода“, а голем дел од нив не носеле маски, со што го прекршија прописот за носење маски на големи собири. Протестот го следеле 1.300 полицајци, но тие не интервенирале.

„Засега нема инциденти вредни за спомнување“, рече портпаролот на полицијата, додавајќи дека ситуацијата е динамична и дека се очекува повеќе луѓе да им се придружат на демонстрантите во текот на попладневните часови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ