Јавното обвинителство во Карловац по објавувањето на снимките во емисијата на хрватска РТЛ „Потрага“ побара спроведување истрага, соопшти општинската јавна обвинителка Вера Магдиќ Бижановиќ.
Станува збор, како што се наведува, за кривично дело мачење или друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување, за што е предвидена затворска казна до 10 години.
На неодамна објавената снимка било утврдено дека припадници на специјалните полициски единици тепаат мигранти, па тројца се суспендирани и против нив е почната дисциплинска постапка, јавија надлежните.






