Излезноста од 30,2 отсто беше речиси двојно помала од претходните избори во 2016 година, а најновите резултати покажаа дека речиси сите места во парламентот ќе ги добијат кандидати наклонети кон Пекинг, пренесе Ројтерс.
Запрашана да прокоментира дали на нејзината партија ѝ недостига народен мандат, со оглед на слабиот одѕив, Стари Ли, лидер на пропекиншката Демократска алијанса за подобрување и напредок на Хонг Конг (ДАБ), која освои половина од местата, рече дека изборните реформи ќе го подобрат управувањето со Хонг Конг.
„Не верувам дека слабата излезност е директно поврзана со тоа што граѓаните не се согласуваат со изборниот систем. Мислам дека на луѓето им треба време да се приспособат на овој систем“, им рече таа на новинарите.
Изборите, на кои можеа да се кандидираат само политичарите што владата ги смета за патриоти, беа критикувани од некои активисти, странски влади и групи за човекови права, кои ги нарекоа недемократски.
Водечките продемократски партии не учествуваа, со образложение дека не можат да поддржат ниту еден кандидат на избори што не се демократски.






