среда, 6 мај 2026

Холандски пациенти се пренесуваат во Германија поради преполни болници

Објавено на

часот

Сподели

Пациент во вторникот наутро бил превезен со возило на брза помош од Ротердам во болница во Бохум, околу 240 километри источно, а во текот на денот ќе биде пренесен уште еден пациент, соопштија здравствените власти.

Бројот на пациенти со ковид-19 во холандските болници во последните недели се искачи на највисоко ниво од мај и се очекува дополнително да се зголемува бидејќи заразите достигнуваат рекордни нивоа.

Германските болници понудиле вкупно 20 кревети за пациенти од Холандија, откако за време на претходните бранови на пандемијата лекувале десетици пациенти.

Плановите на холандската влада да воведе дополнителни ограничувања за да се запре ширењето на вирусот предизвикаа три ноќи протести и повеќе од 170 апсења во градовите низ целата земја.

Од понеделник, 470 од вкупно 1.050 кревети во единиците за интензивна нега во Холандија се зафатени со пациенти со коронавирус, а болниците веќе ги намалуваат вообичаените процедури, вклучително лекување на рак и операции на срце, за да обезбедат доволно простор за пациентите заразени со ковид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ