среда, 6 мај 2026

Хаос на улиците на Хаг поради протестите против ковид-мерките (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Судири меѓу интервентната полиција и демонстрантите избија во Хаг, каде полицијата употреби водени топови за да ја растера толпата.

Помали судири имало во градот Урку и во градовите во покраината Лимбург, каде гневни навивачи прекинале два фудбалски натпревари кои поради ковид-правилата се играле без публика.

Насилството, сепак, било значително помалку од претходната вечер кога, во „оргија на насилство“, како што тоа го нарече градоначалникот на Ротердам, три лица биле ранети со огнено оружје, а 51 лице било уапсени.

Холандија минатата недела стана првата западноевропска земја што воведе делумна блокада оваа есен поради зголемување на заразените со коронавирус.

Мерките ќе важат најмалку три недели, а се планираат и нови, како ограничување на влезот на невакцинираните лица на некои локации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ