петок, 24 април 2026

Хаос на аеродромот во Кабул, американски војници пукаат, луѓе навалија на авионите (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Толпата беше надвор од контрола“, рекол извор за Ројтерс. „Се пукаше само за да се намали хаосот“.

Стотици Авганистанци го закрчија аеродромот обидувајќи се да се качат во воените авиони за да излезат од земјата откако талибанците во неделата влегоа во Кабул.

Аеродромот е контролиран од американски војници што помагаат во евакуацијата на персоналот на амбасадата.

На социјалните мрежи се појави цела серија снимки од аеродромот.

„Ова е Сајгон на стероиди“, напиша Стефан Симанаовиц од Амнести интернешенел, кој и ги објави снимките.

„Предоцна е да се одлета“, ги цитира Симановиц зборовите на човек што со години работел за западните организации. Но неговата виза за Обединетото Кралство е одбиена. Тој и неговата сопруга, пишува Симановиц, сега се кријат во Кабул.

И додека на аеродромот владеат турканици и хаос додека стотици цивили се обидуваат да ја напуштат земјата заедно со странските државјани, улиците на Кабул осамнаа пусти во понеделникот наутро.

Зградите и канцелариите се празни, а делот од градот каде што беа сместени дипломатските претставништва е целосно испразнет.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=6jBkDbHoLLg autoplay:0]

Во дводецениската војна во Авганистан загинаа 2.448 американски војници, 3.846 изведувачи и 1.144 сојузници, потоа 444 хуманитарци, 72 новинари, 66.000 авганистански војници и полицајци и 47.245 цивили, како и 51.191 талибанец и бунтовник, според проектот Цената на војната на универзитетот Браун, кој ги објави податоците до април 2021.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ