„Во Германија нема да има такво нешто“, изјави шефот на германската дипломатија Хајко Мас.
Тој нагласи дека Германија смета дека тоа не е потребно, а е тешко уставно-правно да се спроведе.
Политичарката од редовите на ФДП задолжена за здравство, Кристина Ашенберг-Дугнус, истакнува дека заканата за задолжителна вакцинација не помага.
„Особено земјите со драматичен број на заразени со корона треба да се концентрираат на проширување на понудата за вакцинација и примена на нови мерки“, рече таа.






