понеделник, 10 ноември 2025

Гувернерот на Калифорнија сака да биде претседател: „Ќе лажам да кажам поинаку“ (ВИДЕО)

Демократскиот гувернер на Калифорнија Гевин Њусом во интервју емитувано во неделата изјави дека размислува да се кандидира за претседател во 2028 година, одлука што ќе ја донесе по изборите за Претставничкиот дом и Сенатот кон крајот на 2026 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Њусом оваа година презеде чекори за да го извиди теренот за потенцијална претседателска кандидатура, добивајќи поддршка во својата партија со тоа што се соочи со републиканскиот претседател Доналд Трамп по низа прашања.

„Со нетрпение очекувам да видам кој ќе се кандидира во 2028 година, кој ќе се осмели да го стори тоа“, рече Њусом во емисијата „Сандеј морнинг“ на Си-би-си њуз. На прашањето дали размислува за кандидирање, Њусом рече: „Да, ќе лажам да кажам поинаку“.

На Трамп му е забрането да се кандидира за трет мандат според Уставот на САД, но сепак ја изнесе идејата, велејќи претходно оваа година дека „постојат начини да се направи тоа“.

Њусом ја позиционираше Калифорнија како водечка федерална држава во напорите на Демократската партија да го преобликува Конгресот. Имено, на изборите во 2026 година, тие се обидуваат да бидат што е можно посилен ривал на државите предводени од републиканците во борбата за контрола над Претставничкиот дом на САД, каде републиканците сега имаат тесно мнозинство.

Изборите за Конгресот на САД ќе се одржат во ноември 2026 година, на половина од претседателскиот мандат, кога ќе се изберат сите 435 места во Претставничкиот дом и 35 од 100 места во Сенатот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ