петок, 22 мај 2026

Губењето на мирисот поради короната веројатно престанува во рок од 8 месеци, вели студија

Објавено на

часот

Сподели

Кај 49 од 51 испитаник сетилото за мирис се вратило во рок од осум месеци, но две лица и по една година имале проблеми со мирисот.

Истражувачите го опишаа ова како одлична прогноза.

Студијата ја водела Марион Рено од универзитетските болници во Стразбур и во четвртокот ја објави Џама опен нетворк.

Истражувачкиот тим открил дека осетот за мирис во целост се вратил кај околу 84 проценти од учесниците по само четири месеци.

По 12 месеци, на 96 проценти од испитаниците им се вратил осетот за мирис.

Сите учесници првично го изгубиле сетилото за мирис на повеќе од седум дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ