вторник, 5 мај 2026

Група мигранти ја пробиja боцкавата ограда и влегоа во Полска (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Бегалците ја оштетиле жичената ограда на преминот Брузги, а полската полиција снимала сѐ.

Со повици, бегалците дотрчале до металната ограда зад која веќе се наоѓаат полските сили за безбедност.

Како што наведува репортерот на белоруското издание на Спутник, во Полска се пробиле околу 150-200 мигранти.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=OcJYVGZfw_0 autoplay:0]

Полските сили за безбедност засега не презеле никакви чекори за да го запрат продорот на бегалците, туку само снимале што се случува.

Нешто претходно, во четвртокот, западните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации ги осудија белоруските акции за време на ескалацијата на мигрантската криза на границата со Полска.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=QlH95V67dzk autoplay:0]

Во заедничката изјава со остар тон тие ја обвинија Белорусија дека ги користи мигрантите за да ја дестабилизира источната граница на Европска Унија, додека Русија, исто така постојана членка на СБ на ОН, ги отфрли овие обвинувања.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=FJZplRLYDx0 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ