среда, 6 мај 2026

Градоначалникот на Њујорк вети враќање на прославата на Нова година на Тајмс Сквер

Објавено на

часот

Сподели

„Стотици илјади луѓе ќе дојдат да слават, конечно ќе можеме повторно да се најдеме, ќе биде фантастично“, најави градоначалникот.

Сепак, тој нагласи дека за влез на прославата ќе биде потребен доказ за вакцинација, а единствен исклучок ќе бидат децата до пет години или лицата кои имаат медицинска причина да не примат вакцина, а кои мора да имаат негативен тест не постар од 72 часа.

Прославата на Нова година на Тајмс Сквер, која се одржува од почетокот на 20 век, е симбол на тој културен и туристички центар на САД.

Минатата година, спуштањето на големата топка од Тајмс Тауер и фрлањето конфети се случи пред речиси празен плоштад, само за телевизијата и за неколкумина вработени во итната помош и нивните семејства на кои им било дозволено да присуствуваат во чест на нивната улога за време на ковид-кризата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ