сабота, 25 април 2026

Грабеж во Париз, разбојници украле накит вреден 10 милиони евра (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Три вооружени и маскирани лица ја ограбиле нешто пред пладне неодамна реновираната златарница на плоштадот во центарот на Париз, во близина на хотелот Риц.

Тројцата избегале со автомобил, а четворица помагачи избегале на скутери пред да пристигне полицијата. Еден полицаец е повреден, а еден ограбувач застрелан во ногата.

Златарниците во Париз во последните месеци се мета на ограбувачи.

Во јули од златарница во близина на Шанзелизе беше украден накит вреден речиси 2 милиони евра, иако пленот подоцна беше најден, а осомничените уапсени.

Историскиот плоштад Вендом се смета за срце на францускиот луксуз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ