90-годишниот Горбачов советското присуство во Авганистан го сметаше за политичка грешка која трошеше драгоцени ресурси во време кога Советскиот Сојуз беше пред распаѓање.
Постсоветската авганистанска власт опстана уште три години по повлекувањето, но не се опорави по руската одлука да ја сопре помошта, по колапсот на Советскиот Сојуз во 1992.
Нешто подоцна таа година режимот падна.
Горбачов денес истакна дека САД и НАТО немале никаква шанса во Авганистан и дека лошо пристапиле кон својата кампања, пренесува руската агенција РИА.
„Тие (САД и НАТО) требаше порано да го признаат неуспехот. Важно е сега да се извлече поука од тоа и да се погрижат да не ги повторат истите грешки“, кажа Горбачов.
„Тоа (американската кампања) беше неуспешен потфат од почетокот, иако Русија го поддржуваше во првите фази“, додаде.
„Како и во многу други слични проекти, во фокусот се претераната закана и лошо дефинираните геополитички идеи. На тоа треба да се додадат нереалните обиди за демократизација на општеството составено од бројни племиња“, заклучи Горбачов.






