петок, 24 април 2026

Големо пукање во Плимут со повеќе мртви. Полицијата ги предупреди луѓето да останат дома (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Сведоци изјавиле дека слушнале истрели и виделе загинати.

Плимут хералд јавува дека над градот се видени три хеликоптери на брза помош, а на улиците многу медицински возила и уште повеќе полициски.

Според првичните информации, застрелани се пет лица, но сè уште не се знае дали се убиени или ранети.

Како што дознава Скај њуз, во пукањето се убиени повеќе лица, а убиен е и напаѓач. На Твитер за инцидентот се огласи парламентарниот претставник на лабуристите од тој град, Лук Полард.

„Многу загрижувачки вести доаѓаат од Плимут. Останете дома и слушајте ја полицијата“.

На Твитер се огласи и Џони Мерсел, уште еден парламентарец од Плимут.

„Свесен сум за сериозниот и трагичен инцидент кој се одвива во Плимут. Ги молам сите да ги почитуваат наредбите на полицијата и да не објавуваат гласини или шпекулации по социјалните мрежи“, напиша.

Би-би-си наведува дека полицијата ги замолила граѓаните да останат во своите домови.

На Твитер за инцидентот се огласи и министерката за внатрешни работи Прити Пател.

„Инцидентот е шокантен, моите мисли се со оние погодени од оваа трагедија. Разговарав со директорот на полицијата и му понудив помош. Апелирам до сите да останат мирни, да ги следат советите на полицијата и да им овозможат на итните служби да си ја завршат работата“, напиша Пател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ