петок, 24 април 2026

Големо истражување: Ефикасноста на вакцината на Фајзер паѓа побрзо од таа на Астразенека

Објавено на

часот

Сподели

Во истражувањето на Оксфорд учествувале 700 илјади луѓе од декември 2020 до август 2021.

Лице кое пред еден месец примило втора доза од вакцината на Фајзер е 90 отсто позаштитено против делта од невакцинирано лице, покажала анализата на примероците.

Два месеци по примањето на втората доза разликата се намалува на 85 отсто, а по три месеци на 78 отсто.

Вакцината на Астразенека, според истражувањето, пружа заштита од 67 отсто по еден месец, 65 отсто по два месеци и 61 отсто по три месеци.

По четири до пет месеци нивото на заштита кои ги даваат Фајзер и Астразенека се изедначува, се наведува во истражувањето кое сè уште не минало низ рецензија.

Овие бројки „навистина го претставуваат падот“ на ефикасноста на вакцината на Фајзер, објасни доктор Коен Пауелс, еден од авторите на студијата.

Истражувачите сепак истакнуваат дека, и покрај намалувањето на нивото на заштита, „вкупната ефикасност(на двете вакцини) останува многу голема“.

Истакнуваат дека истражувачите ја набљудувале вкупната заштита против ковид-19, а не заштитата против потешките облици и хоспитализација, што е важно за „оценување на ефикасноста на вакцините“.

Студијата е објавена во време кога некои земји размислуваат за вакцинирање со трета доза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ