Како што јавуваат грчките медиуми, огнот се приближил до инсталацијата на грчкиот оператор за дистрибуција на електрична енергија (АДМИЕ) во населбата Агиос Стефанос. Доколку инсталацијата ја зафати пожарот, големи делови од грчката престолнина би можеле да останат без струја.
Најголемиот огнен фронт се наоѓа во близина на населбата Афинес, поради што властите биле присилени да затворат дел од автопатот. Со камиони е забрането минување по автопатот на неодредено време, а автомобилите кои од Атина се движат кон север ги користат помошните патишта.
[video:https://youtu.be/xjtxRebiUVA autoplay:0]Пред пладне цивилната заштита на илјадници жители со смс-пораки им испратила повик за евакуација на населбите Капандрити, Полидендри и Малакаса. Жителите се предупредени и во крајбрежните места Варнава и Неа Макри.
Утринава во 5 часот грчките власти разбудиле илјадници луѓе во северните предградија на Атина и ја почнале евакуацијата поради големиот пожар.
Заменик градоначалникот на Атина потврди дека пожарите опустошиле област од најмалку 4.500-5.000 хектари.
За среќа, никој не загинал, а хоспитализирани се едвај неколку пожарникари поради мали изгореници и повеќе граѓани поради вдишување чад.
Мицотакис: Ако се сомневате дека климатските промени се вистински, дојдете тука
Со подрачјата на соседна Турција кои исто така се во пламен, небото исполнето со чад личело на апокалиптичните сцени од поплавите и пожарите во Европа летоска.
„Ако има некои луѓе што имаат сомнеж во тоа дали климатските промени се реални, ги повикувам тука да дојдат и да се уверат“, кажа грчкиот премиер Киријакос Мицотакис од Илија, каде огнот се закани на древната Олимпија.
Тој ја посети областа на западен Пелопонез во близина на местото каде што се одржувале древните Олимписки игри и каде што пожарникарите цела ноќ се бореле да го спасат еден од најпознатите грчки археолошки локалитети.
[video:https://youtu.be/3hwXoRqIJSA autoplay:0]





