среда, 6 мај 2026

Големи поплави на западот на Канада, на терен е и војската (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Канадските војници им помагаат на илјадниците жители кои останале заробени откако невремето го погоди регионот во неделата навечер.

Премиерот Џастин Трудо вети помош за време на посетата на Вашингтон и кажа дека војската ќе помогне во повторната изградба.

Во лизгања на земјиштето загинала една жена, а две лица се водат како исчезнати.

Илјадници луѓе се евакуирани откако таканаречена атмосферска река – сконцентрирана влага во атмосферата која ја пренесува водата од тропските региони кон половите – исфрлила месечен просек на врнежи во регионот во само 24 часа.

Властите во регионот природната катастрофа ја припишуваат на ефектите на климатските промени.

[video:https://youtu.be/uMIeNflkYr8 autoplay:0]

Влијанието на климатските промени на зачестеноста на природните непогоди сè уште е нејасно, но познато е дека зголемените површини на морето го загреваат воздухот и ја зголемуваат енергијата за формирање урагани, циклони и тајфуни. Како резултат на тоа, екстремните врнежи веројатно ќе бидат сè поинтензивни.

Светот веќе се загреа за околу 1,2 Целзиусови степени во однос на прединдустриската ера, а температурите ќе продолжат да растат, освен ако светските влади придонесат на остро намалување на емисиите на штетни гасови.

[video:https://youtu.be/xvG5WiZm2sc autoplay:0]

Поплавите во Британска Колумбија го блокираа пристапот до најголемото пристаниште во земјата и уништија неколку важни патишта, и предизвикаа лизгање на земјиштето што загрози илјадници луѓе и однесе најмалку еден живот.

Властите предупредуваат дека бројот на смртни случаи би можел да расте бидејќи има исчезнати лица.

[video:https://youtu.be/SKiZr1Iz-fI autoplay:0]

„Сведочиме на природна катастрофа“, кажа министерот на провинцијата за јавна безбедност Мајк Фарнворт.

Си-ен-ен пренесува дека градот Аботсфорд, сместен во близина на Ванкувер, имал рекорден ден по количеството врнежи, само 140 дена откако ја забележа рекордно високата температура во историјата.

Неколку града се целосно отсечени, а најмалку еден јави дека постои можност од недостиг на храна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ