Израелските медиуми јавија дека во гасењето се ангажирани стотици пожарникари од целата земја, но дека високите температури, сувиот воздух и ветерот ги попречуваат нивните напори.
Црно-портокалов чад го прекри поголемиот дел од Ерусалим денес попладне, јавува Асошиејтед прес.
[video:https://youtu.be/rZgGfd6H7FI autoplay:0]Израелската полиција соопшти дека се евакуираат илјадници жители од неколку места западно од Ерусалим, дека на некои им е укажана помош бидејќи вдишале чад, и дека патиштата во таа област се затворени за сообраќа. Во Рамат Разиел огнот стигнал до куќите.
[video:https://youtu.be/QwvZEy2zzPA autoplay:0]Министерот за одбрана на Израел Бени Ганц ѝ нареди на војската да им помогне на пожарникарите во борбата со пожарот, соопшти неговиот кабинет.
За гасењето на пожарот се ангажирани и осум авиони, а за спасување една хеликоптерска единица.
Засега нема извештаи за причината за избивањето на пожарот, втор овој месец во таа област.






