петок, 24 април 2026

Голем хакерски напад врз Т-Мобиле во САД

Објавено на

часот

Сподели

„Убедени сме дека ‘дупката’ преку која хакерите дошле до податоците е затворена“, објави Т-Мобиле на блогот.

Компанијата не ја потврди информацијата од интернет форумот дека се украдени податоците на повеќе од 100 милиони корисници, што беше наведено во извештајот објавен во неделата од компанијата за дигитални медиуми Мадерборд.

„Утврдивме неовластен пристап до некои од податоците на Т-Мобиле, но сè уште не сме утврдиле дали се вклучени личните податоци на корисниците“, изјавија во понеделникот од Т-Мобиле.

Мадерборд објави дека ги истражува наводите на форумот дека се продаваат „куп лични информации“, вклучувајќи имиња, физички адреси, телефонски броеви и информации за возачки дозволи.

Во објавата не се споменува Т-Мобиле по име, но неименуван хакер во интервју за Мадерборд рече дека набавиле податоци за повеќе од 100 милиони луѓе и дека ги добиле преку серверот на Т-Мобиле, наведува Ројтерс.

„Мадерборд виде примероци од податоците и потврди дека содржат точни информации за корисници на T-Мобиле“, се вели во извештајот цитиран од новинската агенција дпа.

„Спроведуваме опсежна анализа во соработка со форензички експерти за дигитален криминал за да ја провериме валидноста на наводите и да ги координираме мерките со полицијата“, рече компанијата.

Т-Мобиле последен пат забележа провала во базата на податоци во декември минатата година.

Дојче Телеком има 64,78 проценти од акциите во Т-Мобиле според договорот со јапонската Софтбанк, покажуваат податоците на веб-страницата на германскиот гигант, која оствари 80 проценти од своите приходи во вториот квартал на странскиот пазар, а најмногу на САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ