четврток, 23 април 2026

Германски политичар под истрага поради катастрофалните поплави

Објавено на

часот

Сподели

Според јавниот обвинител од Кобленц, го обвинуваат за убиство од небрежност и телесни повреди од небрежност.

Фелер е осомничен дека не ги алармирал на време жителите на опасноста од поплава, ниту навремено организирал евакуација. Обвинителството смета дека тоа е „делумна причина“ за некои од смртните случаи.

Освен администраторот на округот Арвејлер, истрагата е насочена и против уште еден член на кризниот тим кој според јавниот обвинител, барем привремено го презел управувањето со операцијата. За време на истрагата се обезбедени документи и податоци на кризниот тим на округот, како и личните средства за комуникација на двајцата обвинети.

Јирген Фелер е член на конзервативната партија ЦДУ, и од 2000 година е шеф на округот Арвејлер.

Само во таа покраина во Германија од последици на катастрофалните поплави загинаа 141 лице, а 766 беа повредени.

[video:https://youtu.be/ko158Lm1EqE autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ