четврток, 7 мај 2026

Германија: Не може Русија да го диктира ставот на НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Москва во петокот ги објави барањата од Западот кои вклучуваат повлекување на баталјоните на НАТО од Полска, Естонија, Летонија и Литванија.

Русија сака и правно обврзувачка гаранција дека НАТО ќе се откаже од воените активности на истокот на Украина и дека Москва добива право на вето на евентуалното украинско членство во воениот пакт, што Западот веќе го отфрли.

„Мораме да ги решиме актуелните тензии на дипломатско ниво, но и да воспоставиме кредибилен систем за одвраќање“, кажа Ламбрехт, новата германска министерка за одбрана од редовите на социјалдемократите (СПД), за време на првата посета на германските трупи во странство.

Германските војници се во Литванија од руската анексија на Крим во 2014 година.

„Ќе расправаме за руските предлози. Но, не може Русија да биде таа која на НАТО партнерите ќе им го диктира нивниот став, а тоа е нешто што јасно ќе го дадеме до знаење во преговорите“ кои следната недела се одржуваат во Брисел.

Западот на Русија ѝ се закани со остри економски санкции ако го зголеми военото присуство на границата со Украина. Москва вели дека само одговара на заканите по својата безбедност поради украинското трупање сили кон прорускиот исток и сè поблиските односи со НАТО.

Литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас ја обвини Русија дека сака да создаде јаз меѓу членките на воениот пакт и дека не смее да се дозволи Москва да ја подели Европа во зони на влијание.

„Мораме да ја поддржиме Украина со сите средства“, кажа литванскиот министер, што подразбира и опремување со оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ