Директорот на канцеларијата на германската канцеларка Хелге Браун кажа за Билд ам зонтаг дека не очекува нов карантин поради коронавирусот во Германија.
Браун кажа дека на невакцинираните ќе им биде забранет влезот на места како ресторани, кино-сали и стадиони бидејќи ризикот е преголем.
Тој кажа дека „вакцинираните сигурно ќе имаат повеќе слобода од невакцинираните“.
Таквите мерки, како што истакна, би биле легални бидејќи „државата има одговорност да го заштити здравјето на своите граѓани“.






