„Ситуацијата на границата е европски проблем во кој Германија не дејствува сама“, додал изворот, пренесува Ројтерс.
Претходно денеска портпаролката на Лукашенко изјави дека германската канцеларка во заминување Ангела Меркел во телефонски разговор со Лукашенко се согласила да разговара со ЕУ за предлогот на Белорусија.
Со тој предлог се предвидува враќање на 5.000 мигранти во нивните земји, додека ЕУ би примила 2.000 мигранти на полско-белоруската граница.






