По година и пол дена од пандемијата на коронавирус, четвртина (25,5 проценти) од Германците во јули сè уште вршеле дел од работата од дома, процени Ифо. Тоа е нешто помалку од јунскиот резултат од 28,4 проценти.
Институтот објави дека резултатот не е таков само затоа што кон крајот на јуни истече обврската наметната од владата на компаниите да им дозволат на своите вработени да работат од дома.
„Луѓето повторно бараат личен контакт во канцелариите“, рече економистот од Ифо, Жан-Виктор Алипур.
Работниците во услужниот сектор продолжуваат да работат од дома во поголем број, особено во медиумите, откри Ифо.
Сепак, и во тој сектор имало остар пад, бидејќи во јули, 37 проценти од вработените повремено работеле од дома, што е речиси половина помалку отколку во јуни.






