петок, 22 мај 2026

Германците им го блокираат на Британците влезот во земјите на ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Германската канцеларка Ангела Меркел сака Британија да ја означи како „земја од висок ризик“, бидејќи делта сојот на коронавирусот е многу распространет, додава весникот.

За тие планови ќе дискутираат високи европски и национални функционери во интегрираниот Одбор на ЕУ за одговор на политичката криза, а ќе им се спротивстават Грција, Шпанија, Кипар, Малта и Португалија, наведува весникот.

Германската канцеларка би требало следната недела да се сретне со британскиот премиер Борис Џонсон во неговата официјална резиденција на село, во вилата Чекерс.

Британија планира следниот месец да објави планови кои на целосно вакцинираните луѓе би им овозможиле непречено патување во сите земји, освен со оние со највисок ризик од коронавирусот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ